Историска средба на Обама и Абе во Перл Харбор

За прв пат еден американски претседател и еден јапонски премиер се состанаа во пристаништето Перл Харбор на островот Оаху како дел од Хавајските острови на кој што јапонски воени авиони на 7 декември 1941 година реализираа воздушен напад

639065
Историска средба на Обама и Абе во Перл Харбор

Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинзо Абе се состанаа во пристаништето Перл Харбор кое пред 75 години беше нападнато од страна на Јапонија.

За прв пат еден американски претседател и еден јапонски премиер се состанаа во пристаништето Перл Харбор на островот Оаху како дел од Хавајските острови на кој што јапонски воени авиони на 7 декември 1941 година реализираа воздушен напад.

Шинзо Абе стана прв јапонски премиер кој на посети областа по Втората светска војна.

На историската церемонија двајцата лидери Барак Обама и Шинзо Абе поставија венци на споменикот Аризона изграден во чест на загинатите во нападот на Перл Харбор.

Двајцата лидери оставија цвеќиња и во морето во чест на жртвите во Перл Харбор, а потоа одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Американскиот претседател Барак Обама во својот говор истакна дека двете земји го избраа патот за формирање сојуз во мир и беа успешни во тоа.

Привлекувајќи внимание на значењето на соработката помеѓу Вашингтон и Токио во Азиско-пацифичкиот регион, Обама рече: „Нашиот сојуз со Јапонија никогаш не беше волку силен.“

Јапонскиот премиер Шинзо Абе упати повик Перл Харбор да се споменува како „симбол на компромисот“ во текот на генерации.

Абе подвлече дека помеѓу неговата земја и Вашингтон постои длабока соработка.

Јапонија на 7 декември 1941 година ја нападна американската поморска база во Перл Харбор и во овој напад загинаа 2.400 американски војници.

Овој напад кој што стана причина САД кои претрпеа тешки загуби да се приклучат во Втората светска војна што пак го промени и текот на војната.

САД во 1945 година фрлија атомски бомби врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки при што загинаа приближно 200 илјади лица од кои повеќето цивили.

По големите рушења Јапонија го призна поразот и се повлече од Втората светска војна.

Во мај оваа година американскиот претседател барак Обама оствари историска посета на Хирошима и стана прв американски претседател кој го посети овој град.

Така и оваа посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Перл Харбор е во својство на возвратна посета.  

Претходно беше соопштено дека целта на посетата на Абе не е да се извини, туку е во својство на изразување почит за загинатите во Перл Харбор.



Слични вести