Во текот на 2016 година во Ирак животот го загубија 20 новинари

Според подготвениот извештај од страна на Синдикатот на ирачките новинари, во Ирак кој во 2003 година беше окупиран од страна на САД досега животот го загубија вкупно 455 новинари од кои 20 во текот на оваа (2016) година

638654
Во текот на 2016 година во Ирак животот го загубија 20 новинари

Во Ирак кој во 2003 година беше окупиран од страна на САД досега животот го загубија вкупно 455 новинари од кои 20 во текот на оваа (2016) година.

Во подготвениот извештај од страна на Синдикатот на ирачките новинари се нагласува дека во земјата во која владее беззаконие продолжуваат грижите во однос на ризиците на новинарството како професија и безбедноста на новинарите.

Во извештајот се вели следното: „Новинарската професија во Ирак во 2016 година се соочи со многу трагедии и болки. Атентатите и заканите со смрт против новинарите продолжија.“

Поради средината на хаос која што продолжува од американската окупација во 2003 година Ирак се смета како една од најопасните земји за претставниците на печатот.



Слични вести