Пронајдени делови на рускиот воен авион кој падна во Црното море

Нуркачите во морето откриле делови од опашката и моторот на авионот кои се истражуваат од надлежните

638851
Пронајдени делови на рускиот воен авион кој падна во Црното море

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков рече дека во рамките на истражувањата, беше откриен дел од авионскиот труп на рускиот воен авион кој падна во неделата.

На прес конференцијата во Москва во врска со активностите за истражување, Конашенков рече дека нуркачите во морето откриле делови од опашката и моторот на авионот кои се истражуваат од надлежните.

Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, во рамките на активностите за пребарување и спасување во последните 24 часа, учествуваат 45 бродови, 15 подводни средства за набљудување, 192 нуркачи, 12 авиони и 5 хеликоптери.

Според веста на агенцијата ТАСС, беше изнесено тврдењето дека на површната на водата бил изнесен и мртвото тело на пилотот на авионот Роман Волков. Меѓудругото, од откриените делови на авионот беше изнесено дури тврдењето дека наводно пилотите на авионот сакале да го потопат авионот.

Рускиот воен авион кој пренесуваше 92 лица меѓу кои и членовите на рускиот хор Црвена армија, кои патуваше за руската база Хмеимим во сирискиот град Латакија, кратко време по полетувањето падна во Црното море. Во несреќата нема спасени и во Русија беше прогласена еднодневна жалост.



Слични вести