Митинг „Сеќавање на шехидите и проколнување на тероризмот“ во данскиот главен град Копенхаген

На митингот во организација на Скандинавската турска федерација учествуваа голем број Турци кои живеат во Данска кои со знамиња на Турција, Азербејџан и Ирачкиот туркменски фронт и извикуваа слогани против тероризмот

638361
Митинг „Сеќавање на шехидите и проколнување на тероризмот“ во данскиот главен град Копенхаген

Во главниот град на Данска, Копенхаген се одржа митинг под мотото „Сеќавање на шехидите и проколнување на тероризмот“.

На митингот во организација на Скандинавската турска федерација учествуваа голем број Турци кои живеат во Данска.

Илјадници лица вчера во пладневните часови се собраа пред амбасадата на Турција во Копенхаген и ги осудија кукавичките напади на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на 10 декември во Бешикташ во Истанбул во кој животот го загубија 44 лица од кои 36 полицајци и на 17 декември во градот Кајсери во кој животот го загубија 14 војници.

Митингот беше поддржан и од страна на Азербејџанците и Туркменците од северен Ирак, а воедно беше изразена почит и за турските војници кои загинаа во операцијата на Ел Баб во Сирија.

Илјадници лица необрнувајќи им внимание и на предупредувањата на Данскиот метеоролошки институт дека се очекува силен ветар во земјата се собраа со знамиња на Турција, Азербејџан и Ирачкиот туркменски фронт и извикуваа слогани „Шехидите не умираат, татковината е неделива“, „Да се скршат рацете кои посегнуваат по полицијата“.

На митингот беше прочитано и соопштение на турски и дански јазик со кое беше осуден тероризмот, а потоа учесниците се разотидоа без инциденти.



Слични вести