Во нападите на ДАЕШ при обид за бегство од Ел Баб загинаа најмалку 30 цивили

Терористичката организација ДАЕШ реализирала напади со мини и експлозивни уреди врз цивили кои се обидувале да избегаат од градот Ел Баб и притоа во нападите загинале најмалку 30 цивили, - е соопштено од страна на Турските вооружени сили (ТВС)

638098
Во нападите на ДАЕШ при обид за бегство од Ел Баб загинаа најмалку 30 цивили

Во нападите на терористичката организација ДАЕШ го загубија животот најмалку 30 цивили кои се обидувале да избегаат од градот Ел Баб во северниот дел на Сирија.

Според добиени информации од Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија е отворен оган врз 113 утврдени цели на терористичката организација ДАЕШ.

Во отворениот оган беа доведени во неупотреблива состојба места за засолнување, одбранбени позиции, командно-контролни постројки, оружје и возила на терористите.

Во областите исчистени од ДАЕШ се уништени 74 експлозивни направи од рачна изработка.

Во вооружените судири беа ранети и двајца опозиционери припадници на Слободната сириска армија (ССА).



Слични вести