Путин се состана со Назарбаев во Санкт Петербург

Рускиот претседател Путин по остварената средба со казахстанскиот претседател Назарбаев во врска со авионската несреќа истакна дека од се срце го изразува своето сочувство до блиските на загинатите во несреќата

637536
Путин се состана со Назарбаев во Санкт Петербург

Рускиот претседател Владимир Путин пред самитот на претседатели на Организацијата на договорот за колективна безбедност за кој што се планира да се одржи денеска во Санкт Петербург се состана со казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев.

Рускиот претседател Путин по остварената средба во врска со авионската несреќа истакна дека од се срце го изразува своето сочувство до блиските на загинатите во несреќата.

Путин истакна дека во министерството за транспорт ќе се формира комисија за истражување на авионската несреќа во која животот го загубија 92 лица и напомена дека ќе се води внимателно истражување за обелоденување на причините за несреќата, а воедно рече дека ќе направи се за поддршка на блиските на загинатите кои го загубија животот во авионската несреќа.

Руските инспектори кои ги истражуваат причините за несреќата ја истражуваат секоја можност која довела до несреќата вклучувајќи и можен терористички напад.

Русите одржуваат церемонии во чест на загинатите во авионската несреќа.

Московјани кои се собраа пред главната зграда на телевизискиот канал Останкино овде положија цвеќе и запалија свеќиња во чест на загинатите 9 новинари.

Церемонија за сеќавање за загинатите беше одржана и пред штабот на Ансамблејата на руската армија „Александров“ во светот позната како Хорот на Црвената армија.

 



Слични вести