Назарбаев: Казахстан е спремен да биде домаќин на сириските мировни преговори во Астана

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев истакна дека е подготвен да биде домаќин во Астана на сириските мировни преговори

638301
Назарбаев: Казахстан е спремен да биде домаќин на сириските мировни преговори во Астана

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев во Санкт Петербург каде допатува на средба со рускиот претседател Владимир Путин го изјави следното: „Казахстан е подготвен да биде домаќин на сириските мировни преговори кои што ќе се одржат во Астана.“

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот минатата недела соопшти дека е постигната согласност за одржување на сириските мировни преговори меѓу Русија, Иран, Турција и Асадовиот режим во главниот град на Казахстан, Астана.

Путин воедно истакна дека следниот чекор за Сирија е да се постигне прекин на огнот на целата територија на оваа земја.



Слични вести