Пронајдени остатоците од урнатиот руски воен авион Тупољев во Црното Море

Пронајдени се остатоците на рускиот воен авион од типот Тупољев Ту-154 кој со 84 патници и 8 членови на екипажот од Сочи леташе за сирискиот град Латакија и притоа се урна во Црното Море на неколку километри од брегот

637367
Пронајдени остатоците од урнатиот руски воен авион Тупољев во Црното Море

Воен авион од типот Тупољев Ту-154 во сопственост на руското министерство за одбрана кусо време по полетувањето од градот Сочи се урна во Црното Море.

Руското министерство за одбрана истакна дека нема преживеани од 92 лица, патници и членови на екипажот, колку што се наоѓале во авионот.

По повод трагичната несреќа во Русија денеска (26.12.2016) е прогласена еднодневна национална жалост.

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган исто така оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин до кого го изрази своето сочувство по повод авионската несреќа.

Воениот авион од типот Тупољев Ту-154 кој со 92 лица од кои 84 патници и 8 членови на екипажот леташе за градот Латакија во Сирија по 20 минути по полетувањето исчезнал од радарот и била изгубена комуникацијата со авионот.

По реализирани активности за пребарување на теренот во морето во близина на брегот биле пронајдени остатоци од урнатиот авион, додека екипите кои дошле во областа ги пронајдоа мртвите тела на еден дел од патниците.

Надлежни соопштија дека остатоците од авионот биле пронајдени на 1,5 километри од брегот на длабочина од приближно 70 метри во водите на Црното Море.

Како што се истакнува во авионот кој што патувал за руската база Хмејмин во градот Латакија во Сирија се наоѓале вкупно 92 лица, од кои 84 патници и 8 членови на екипажот.

Меѓу патниците во авионот освен воен персонал се наоѓале и 64 музичари членови на светски познатиот Хор на Црвената армија и новинари.

Како што се вели музичарите ќе учествувале на новогодишниот концерт во руската база Хмејмим во сирискиот град Латакија.

Хорот на Црвената армија составен од пејачи, оркестар и танчарска група од офицери и војници организира концерти во голем број земји ширум светот.

Хорот приреди концерти и во Турција на кои исполни и турски песни со што овие концерти беа гледани со голема заинтересираност и во нашата земја.

Авионската нереќа се случила додека авионот се кревал и екипажот не пријавил итна состојба.

Како можни причини за уривањето на авионот се наведуваат грешката на пилотот или технички дефект.

Веднаш по веста за несреќата по наредба на рускиот претседател Владимир Путин е формирана истражна комисија под претседателство на рускиот премиер Дмитриј Медведев. 

Во меѓувреме премиерот Бинали Јилдирим по повод уривањето на рускиот воен авион испрати порака со сочувство и солидарност до рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Министерот за одбрана Фикри Ишик исто така испрати порака со сочувство до својот колега рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Министерот Ишик во својата порака напиша: „Со жалење ја дочекав веста за уривањето на воениот карго авион од типот Ту-154 во сопственост на руското министерство за одбрана кој што полетал од Сочи и се урнал во Црното Море при што животот го загубиле патниците и членовите на екипажот кои се наоѓале во авионот. Го изразувам моето сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагична несреќа и до целиот руски народ.“

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Хусејин Муфтуоглу исто така го изрази своето сочувство до Русија по повод уривањето на рускиот авион во Црното Море.



Слични вести