СБ на ОН ја изгласа резолуцијата за прекин на изградбата на израелските населби

Советот за безбедност на ОН ја изгласа резолуцијата со која се бара од Израел да ги прекине сите незаконски активности за изградба на населби на окупираните палестински територии

637034
СБ на ОН ја изгласа резолуцијата за прекин на изградбата на израелските населби

Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата со која се бара од Израел „веднаш и целосно“ да ги прекине сите свои незаконски активности за изградба на населби на окупираните палестински територии вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

На гласањето 14 од 15 земји членки во Советот гласаа за.

САД кои досега застануваа во одбрана на критиките против Израел во Советот за безбедност на ОН и во 2011 година ставија вето на нацрт-резолуцијата со која се осудуваа незаконски изградените израелски доселенички населби, за прв пат беа воздржани.

Согласно резулуцијата се бара од Израел веднаш да ги прекине активностите за изградба на незаконски населби на палестинските територии вкучувајќи го и Источен Ерусалим и воедно се бара да остане приврзана кон своите законски обврски.

Во резолуцијата се истакнува дека израелските доселенички населби немаат никаква законска валидност, отворено го прекршуваат меѓународното право и претставуваат голема препрека пред постигнувањето на решение со две држави и праведен, траен и сеопфатен мир.

Постојаниот претставник на САД во ОН Саманта Пауер по гласањето изјави дека се зголемува бројот на израелските населби и дека оваа состојба го доведува во опасност решението на израелско-палестинскиот проблем со две држави.

Пауер рече: „САД 50 години како на Израел му ја испраќаат пораката дека треба да престанат активностите за изградба на населби.“

Постојаниот претставник на Палестина во ОН Ријад Мансур пак му се заблагодари на Советот за безбедност и истакна дека усвоената резолуција ќе придонесе кон мировните разговори.

Според веста на палестинската официјална новинска агенција WAFA, портпаролот на кабинетот на палестинскиот претседател Небил Ебу Редине во дадената писмена изјава истакна дека со оваа резоулција се осудуваат незаконските доселенички населби на Израел на меѓународно ниво и се дава силна поддршка на решението со две држави.

Генералниот секретар на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) Саиб Еракат пак нагласи дека ова е едната од најзначајните усвоени резолуции во Советот за безбедност на ОН.

Во објавените соопштенија и од Хамас, Исламски Џихад и Фетих исто така се нагласува дека ова претставува историска победа и почеток на еден нов период  и се изнесува потребата оваа усвоена резолуција за ставање крај на окупацијата целосно, а не само на актвностите за изградба на еврејски населби да се преобрази во конкретни чекори.

Вашингтон искористувајќи го своето право на вето досега ги попречуваше резолуциите против Израел во Советот за безбедност.

Меѓутоа овојпат управата на Обама остана воздржана и на последниот месец од својата власт покажа дека се откажува од оваа стретегија.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пак истакна дека требаше да се стави вето на резолуцијата.

Генералниот секретар на ОН Бан Ми-мун истакна дека резолуцијата претставува значаен чекор и дека го дочекува со задоволство нејзиното усвојување. 

Бан ги повика лидерите на Изарел и Палестина да работат со меѓународната заедница за да се вратат на преговорите.



Слични вести