Во Нигерија ослободени уште 21 ученичка од 276 киднапирани ученички

Во објавеното соопштение од портпаролот на кабинетот на претседателот Гарба Шеху се истакнува дека се ослободени уште 21 ученичка кои беа киднапирани од страна терористичката организација Боко Харам во 2014 година

636164
Во Нигерија ослободени уште 21 ученичка од 276 киднапирани ученички

Ослободени уште 21 ученичка од 276 ученички кои беа киднапирани за време на упадот на едно училиште од страна на терористичката организација Боко Харам во 2014 година во Нигерија.

Во објавеното соопштение од портпаролот на кабинетот на претседателот Гарба Шеху се истакнува дека се ослободени уште 21 ученичка кои беа киднапирани од страна на организацијата.

Во соопштението се вели дека исто така во реализираните операции во последниот еден месец против терористичката организација Боко Харам во провинцијата Борно се спасени најмалку 2 илјади лица. 

Членовите на Боко Харам во упадот што го реализираа на 14 април во 2014 година на еден интернат во градот Чибок во провинцијата Борно киднапираа 276 ученички, од кои 57 успеаја да избегаат од рацете на организацијата, но од 219 ученички не можеа да се добијат информации.

Терористичката организација Боко Харам која во Нигерија делува од 2000-дитите години и која по смртта на нејзиниот лидер Мухамед Јусуф додека се наоѓаше во притвор во 2009 година почна да реализира масовни насилства, стана причина за смртта на 17 илјади лица.

Оваа терористичка организација своите терористички акции од Нигерија ги прошири и на соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигер.



Слични вести