Високиот суд на правдата го прифати барањето за одложување на евакуацијата на населбата Амона

Одлуката на судот е конечна и во случај жителите на населбата Амона не изнајдат алтернативно решение

636687
Високиот суд на правдата го прифати барањето за одложување на евакуацијата на населбата Амона

Според веста на израелското државно радио, Високиот суд за правда на барање на владата усвои одлука според која евакуацијата на еврејските доселеници од окупираните палестински територии во Западниот брег особено населбата Амона која беа формирана врз приватните имоти, се одложува на 45 дена.

В соопштението беше подвлечено дека одлуката на судот е конечна и во случај жителите на населбата Амона не изнајдат алтернативно решение.

Постапката која ја покренаа Палестинците на 26 декември 2014 година до Високиот суд за правда на Израел под изговор дека не може да се даде одобрение за изградба на населбите врз приватни имоти, судот донесе одлука еврејската населба Амона да се евакуира најдоцна во рок од една до две години.

Судот одлуката за евакуација на еврејските доселеници на населбата Амона до 25 декември 2016 му ја достави на Владата која бараше спроведувањето на одлуката да се одложи за 7 месеци.

Во еврејската населба Амона која беше изградена во 1997 година на палестинските парцели во подрачјето Бунјамин на северот на Ерусалим, живеат околу 50 еврејски семејства.

Источен Ерусалим и Западниот брег од 1967 година се наоѓаат под израелска окупација.

Во Источен Ерусалим кој се наоѓа под израелска окупација живеат околу 200 илјади, а во Западниот брег околу 400 илјади Евреи.

Според меѓународното право, сите еврејски населби на овие простори се прифаќаат за нелегални.



Слични вести