Москва и Вашингтон продолжуваат да објавуваат соопштенија во врска со нуклеарното наоружување

Путин од надлежните бараше да го зајакнат воениот нуклеарен потенцијал на земјата

636399
Москва и Вашингтон продолжуваат да објавуваат соопштенија во врска со нуклеарното наоружување

Додека рускиот претседател Владимир Путин упати повик за зајакнување на нуклеарниот потенцијал на земјата, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој во јануари се подготвува официјално да седне на претседателската функција исто така рече дека треба да се зголеми нуклеарниот капацитет на американската армија.

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше на последниот состанок Министерството за одбрана на кој беше направен осврт на активностите изминатата година.

Путин од надлежните бараше да го зајакнат воениот нуклеарен потенцијал на земјата и во тие рамки посочи на потребата за зајакнување на воздушно одбранбените системи.

Потенцијалот на стратешките нуклеарни сили треба да го зајакнеме со ракети и проектили кои ќе можат да ги пробијат сите воздушно одбранбени системи. Исто така и останатите сили треба да ги искачиме на ниво кое ќе може да ги уништи сите евентуални воени закани насочени против Русија.

Русија е многу посилна од сите потенцијални евентуални закани, рече Путин и предупреди дека не треба да се опуштиме бидејќи актуелната состојба многу брзо може да се промени.

Доналд Трамп исто така го изнесе ставот дека треба да се зајакне капацитетот на нуклеарно оружје на земјата.

Во пораката преку профилот на Твитер, Трамп рече дека во период додека светот се освести, Америка треба да го прошири и зајакне нуклеарниот капацитет.

Експертите истакнуваат дека САД за модернизација на нуклеарното оружје кое старее, во претстојните 30 години треба да вложи над 1 трилион долари.

САД има 7 100, а Русија 7 300 нуклеарни боеви глави.



Слични вести