Бразилскиот претседател Мичел Темер нема да поднесе оставка

Бразилскиот претседател Мичел Темер децидно ги отрфли тврдењата кои што се изнесуваат против него за корупција поради што се бара да ја напушти претседателската функција и истакна дека нема да поднесе оставка

636432
Бразилскиот претседател Мичел Темер нема да поднесе оставка

Бразилскиот претседател Мичел Темер во дадената изјава за новинарите за време на една програмата во главниот град Бразилија децидно ги отрфли се погласните барања поради тврдењата кои што се изнесуваат против него за корупција да ја напушти претседателската функција и истакна дека нема да поднесе оставка.

Темер воедно додаде дека било која правно обврзувачка одлука која што ќе биде донесена против него ќе ја обжали.

Еден поранешен директор на една граджена фирма во Бразил по име Клаудио Мело Филхо во изјавата што ја даде минатата недела пред обвинителството го обвини главниот советник на претседателот Темер, Хозе Јунес за посредување во обезбедување на незаконски финансиски средства за предизборната кампања, а претседтелот Мичел Темер го обвини за незаконско финансирање на предизборната кампања.

Бразилскиот претседател Мичел Темер ги отфрли овие тврдења.

Од седнувањето на Темер на претседателската фотелја досега поднесоа оставка шест мина членови на владата.

Поранешната претседателка на Бразил Вилма Русеф која беше разрешена од должност исто така го обвини Темер за корупција.

Адвокатите на Русеф до судот во Сао Пауло доставија документи во однос на тоа дека еден поранешен висок функционер на градежна фирма му дал мито на Темер во износ од 295 илјади долари.



Слични вести