СБ на ОН ќе гласа за нацрт-резолуција против израелските населби на палестинските територии

Советот за безбедност на ОН денеска во 15:00 часот според локално време (23:00 часот според турско време) ќе гласа за нацрт-резолуција против израелските доселенички населби на окупираните палестински територии вклучувајќи го и Источен Ерусалим

635979
СБ на ОН ќе гласа за нацрт-резолуција против израелските населби на палестинските територии

Советот за безбедност на ОН ќе гласа за нацрт-резолуција со која што се бара од Израел „веднаш и целосно“ да ги прекине сите свои незаконски активности за изградба на нови населби на окупираните палестински територии вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Според добиени информации од дипломатски извори нацрт-резолуцијата која што денеска во 15:00 часот според локално време (23:00 часот според турско време) ќе биде поставена на гласање во Советот за безбедност содржи ставови како што се тоа дека израелските доселенички населби немаат никаква законска валидност, отворено го прекршуваат меѓународното право и претставуваат голема препрека пред постигнувањето на решение со две држави и праведен, траен и сеопфатен мир.

Сега буди интересирање каков чекор ќе фрлат САД кон крајот на претседателскиот мандат на Барак Обама.

Инаку САД досега застануваа во одбрана на критиките кои што се упатуваат против Израел во Советот за безбедност на ОН, но истовремено ги критикуваа и активностите за изградба на нови доселенички населби.



Слични вести