Падна првиот снег во Сахара по цели 37 години

Фотографиите на кои што се гледаат песокливи дини покриени со снежна покривка предизвикаа голем интерес во целиот свет

635959
Падна првиот снег во Сахара по цели 37 години

Снегот кој е доста ретка појава во овој дел на Африка деновиве се забележува на падините на Атласките планини.

Фотографот аматер Карим Бучетата од селото Ајн Сефра во Алжир сними неколку снежни пејзажи од Сахарската пустина.

Фотографиите на кои што се гледаат песокливи дини покриени со снежна покривка предизвикаа голем интерес во целиот свет.

Бучетата за тоа вели: Сите бевме зачудени,затоа што снегот е многу ретка појава кај нас.Просто не издржав и го земав фото апаратот за да го овековечам овој момент,бидејќи после само неколку минути снегот се истопи.

Инаку африканската пустина Сахара е 12 пати поголема од Турција,на места со високи планини од над 3000 метри.



Слични вести