ОН изгласаа предлог за формирање Специјална комисија за истражување на воените злосторства во Сирија

На одржаното гласање во Генералното собрание на ОН е усвоен предлог за формирање на Специјална комисија за истражување на извршените воени злосторства во Сирија

635534
ОН изгласаа предлог за формирање Специјална комисија за истражување на воените злосторства во Сирија

ОН ја ставаат под лупа војната во Сирија.

На одржаното гласање во Генералното собрание на ОН е усвоен предлог за формирање на Специјална комисија за истражување на извршените воени злосторства во Сирија.

Предлогот беше изгласан со 105 гласа „за“ наспроти 15 гласа „против“, а 52 земји членки беа воздржани.

На тој начин беше усвоен предлогот за формирање Специјална комисија со широко учество која ќе биде задолжена за истражување и собирање на доказите за прекршувањата на човековите права и извршените воени злоссторства за време на 6 годишната војна во Сирија.

Овој развој се оценува како прв конкретен чекор за истражување на случаите на прекршување на човековите права за време на војната во Сирија.

Во Сирија групите како што се терористичките организации ДАЕШ и ПЈД (ПКК), а поговото и режимот на Асад се прикажуваат за одговорни за смртта на голем број цивили.

Во меѓувреме по поминати 4 години речиси целиот град Алепо премина под контрола на силите на режимот на Асад.

Според објавеното соопштение од страна на Сириската опсерваторија за човекови права со помош на автобуси беа евакуирани од источниот дел на Алепо и последната група опозиционери и цивили.

Посматрачи на ОН пак јавуваат дека засега не се во можност да би можеле да ја потврдат оваа вест.

Од друга страна продлжува евакуацијата и од двете села Фуа и Кефреја кои се наоѓаат под опсада на опозиционерите.

Според добиени информации приврзаниците на Асад од овие две села со помош на автобуси биле однесени во Алепо.

Инаку поради недоразбирањата кои што се појавија повремено помеѓу опозиционерите и режимските сили како и поради силните врнежи од снег евакуацијата се одвиваше доста тешко и во повремени прекини.



Слични вести