Заврши тројниот состанок меѓу Турција,Русија и Иран во Москва посветен на Сирија

Во соопштението објавено после состанокот се акцентира на независноста,сувереноста и територијалниот интегритет на Сирија

634960
Заврши тројниот состанок меѓу Турција,Русија и Иран во Москва посветен на Сирија

Министрите за надворешни работи на земјите учеснички на состанокот Мевљут Чавушоглу, Џевад Зариф и Сергеј Лавров после состанокот приредија заедничка конференција за печатот на која ја известија јавноста за постигнатиот договор околу содржината на заедничкото соопштение.

Во соопштението се акцентира на независноста,сувереноста и територијалниот интегритет на Сирија за почитувањето на етничките и верските како и секташките разлики на граѓаните на оваа земја од страна на учесниците на тројниот состанок Турција,Русија и Иран ,како и заедничката констатација дека сирискиот конфликт не може да се реши со воени методи.

Во соопштението исто така се става акцент на напорите за реализирање на одредбите од резолуцијата бр. 2254 на Советот за безбедност на ОН посветена на Сирија,со предлог до меѓународната заедница за преземање на мерки и за покажување на добра воља за надминување на сите пречки кои стојат на патот на реализирање на оваа резолуција.

Во понатамошниот текст на заедничкото соопштение се подвлекува следното: Турција, Русија и Иран со задоволство ги дочекаа сите напори за евакуирање на цивилите и вооружената опозиција од источен Алепо .Исто така министрите изразија задоволство од евакуирањето на цивилите и од Фуа, Кефреја, Зебадани и Мадака,со барање евакуацијата и понатаму да продолжи безбедно ,без пречки и без прекини.

Им се изразува благодарност на Меѓународниот црвен крст и на Светската здравствена организација за помошта и поддршката во текот на евакуацијата.

Во понатамошниот дел од соопштението се истакнува следното: Министрите констатираа дека од големо значење е да се обезбеди прекин на огнот,доставување и дистрибуирање на хуманитарна помош и слободно движење на цивилите во целата Сирија.Турција,Русија и Иран изразуваат подготвеност да бидат гарантори во остварувањето на договорот кој што е предмет на преговори меѓу сириските власти и опозицијата во земјата и да помогнат во полесната реализација на истиот. Тие исто така ги повикуваат сите влијателни земји да го направат истото.

Во заедничкото соопштение се подвлекува надежта дека истото ќе има значителен придонес во доследното реализирање на резолуцијата бр.2254 на Советот за безбедност на ОН за Сирија и за постигнување политичко решение за конфликтот во земјата.

Министрите Чавушоглу,Лавров и Зариф на крајот од соопштението го истакнаа значењето на предлогот на претседателот на Казахстан во Астана да се свика конференција за Сирија,подвлекувајќи на крајот дека Турција,Русија и Иран постигнаа консензус околу заедничка борба против ДЕАШ и Ел Нусра и за правење дистинкција меѓу вооружените групи на опозицијата во Сирија и овие организации.

 



Слични вести