ОН: За надгледување на евакуацијата и безбедноста во источен Алепо ќе бидат испратени 20 посматрачи

ОН истакнаа дека ќе испратат 20 посматрачи за надгледување на евакуацијата и безбедноста на цивилите во источен Алепо

634943
ОН: За надгледување на евакуацијата и безбедноста во источен Алепо ќе бидат испратени 20 посматрачи

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич на одржаната дневна конференција за печатот истакна дека продолжува евакуацијата од источен Алепо која што се реализира од страна на сириската арапска Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст и дека екипата на ОН за надгледување на евакуацијата се наоѓа на контролната точка на режимските сили Рамусе. 

Велејќи дека од 15 декември досега се претпоставува дека од источниот дел на Алепо се евакуирани 25 илјади лица, Дујарич истакна дека евакуираните Сиријци се испратени во Атариб и Сармада.

Стефан Дујарич објасни дека во областите во Алепо под контрола на режимот се наоѓаат повеќе од 100 хуманитарци од кои повеќето Сиријци и додаде дека во источен Алепо ќе бидат испратени 20 меѓународни и домашни посматрачи кои ќе ја надгледуваат евакуацијата и безбедноста.

Велејќи дека вчера наутро тргнале на пат и 20 автобуси за евакуација од селата Фуа и Кефраја, портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич на прашањето „Уште колку лица останаа кои чекаат да бидат евакуирани во Алепо“ одговори со зборовите: „Слушаме различни бројки, се претпоставува дека сеуште има илјадници лица, меѓутоа ние сме загрижени поради тоа што долго време како не може да им се доставува хуманитарна помош на Сиријците кои таму се наоѓаат под опсада. Затоа се надеваме дека што поскоро би можеле да доставиме помош.“

 



Слични вести