Троен министерски состанок меѓу Турција, Русија и Иран во Москва посветен на Сирија

На првата сесија на тројниот министерски состанок во Москва учествуваат министрите за надворешни работи на Турција, Русија и Иран, Мевлут Чавушоглу, Сергеј Лавров и Џевад Зариф, а на втората сесија ќе учествуваат и министрите за одбрана на трите земји

634260
Троен министерски состанок меѓу Турција, Русија и Иран во Москва посветен на Сирија

Денеска во Москва се одржува троен министерски состанок меѓу Турција, Русија и Иран посветен на прашањето со Сирија.

Високи функционери на трите земји разговараат за чекорите кои што треба да бидат фрлени за изнаоѓање решение за хуманитарната криза во Сирија.

На првата сесија на тројниот состанок учествуваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф. 

На втората сесија од состанокот пак ќе учествуваат и министрите за одбрана на трите земји.

Главна точка на дневниот ред на состанокот на кој земјава ќе ја претставува министерот за одбрана Фикри Ишик ќе биде безбедната евакуација на цивилите во Алепо и доставувањето на хуманитарна помош на градот.

Учесниците на тројниот министерски состанок во Москва ќе разменат мислења во однос на состанувањето на сирискиот режим и опозицијата во главниот град на Казахстан Астана, а со цел изнаоѓање решение за кризата во Сирија.

Иницијативата во Астана беше поставена на дневен ред на минатонеделниот телефонски разговор помеѓу претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.



Слични вести