Опозиционерите и цивилите во Алепо во исчекување на последната фаза од евакуацијата

Додека од ОН се очекува да испратат 20 посматрачи кои ќе бидат одговорни за следење на евакуацијата во Алепо опозиционерите и цивилите во градот ја очекуваат последната фаза од активностите за евакуација

634547
Опозиционерите и цивилите во Алепо во исчекување на последната фаза од евакуацијата

По усвоената резолуција во Советот за безбедност на ОН за испраќање меѓународни посматрачи опозиционерите и цивилите во градот Алепо во Сирија ја очекуваат последната фаза од активностите за евакуација.

Сириската армија истакна дека ќе влезе и во последното маало кое што се наоѓа во рацете на опозицијата во источен Алепо.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека градот го напуштиле 37.500 лица и дека евакуацијата ќе заврши до утре. 

ОН исто така се очекува да испратат 20 посматрачи кои ќе бидат одговорни за следење на евакуацијата во Алепо.

Активностите за евакуација не се однесуваат само на источен Алепо, туку и од секата Фуа и Кефреја кои се наоѓаат под опсада на опозиционерите се евакуирани 750 лица.

За време на сиве овие случувања специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура соопшти дека се планира на 8 февруари режимот на Асад и опозиционерите да бидат убедени да седнат на преговарачка маса. 

По усвојувањето на резолуцијата во Советот за безбедност пак и понатаму е неизвесно кога точно меѓународните посматрачи на ОН ќе пристигнат во Алепо.



Слични вести