Најдобар одговор на атентатот ќе биде зајакнување на борбата против тероризмот

Атентатот претставува провокација насочена за нарушување на односите со Турција и изнаоѓање решение во Сирија

633887
Најдобар одговор на атентатот ќе биде зајакнување на борбата против тероризмот

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека најдобар одговор на атентатот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов ќе биде зајакнување на борбата против тероризмот.

По атентатот врз амбасадорот Карлов, рускиот претседател Путин одржа советодавен состанок со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и ескпертите за безбедност. Во изјавата за печатот по состанокот, рускиот лидер Путин рече:

Карлов беше подмолно убиен. Атентатот претставува провокација насочена за нарушување на односите со Турција и изнаоѓањето решение во Сирија.

Единствен одговор на нападот е зајакнување на меѓусебната соработка во борбата против тероризмот, рече Путин.



Слични вести