Дмитриј Песков: На крајот на истрагата ќе биде обелоденето кој стои во позадината на нападот

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков истакна дека на крајот на истрагата ќе биде обелоденето кој стои во позадината на нападот во кој беше убиен рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов

634481
Дмитриј Песков: На крајот на истрагата ќе биде обелоденето кој стои во позадината на нападот

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков истакна дека со убиството на рускиот амбасадор во Анкара Андреј Карлов се имаше за цел да се попречат процесот на нормализирање помеѓу Москва и Анкара и напорите за изнаоѓање политичко решение во Сирија.

Велејќи дека на крајот на истрагата ќе биде обелоденето кој стои во позадината на нападот, Песков рече: „Руските експерти сега се во Анкара. Вчера двајцата претседатели се договорија по прашањето на реализација на заедничка истрага. Да бидеме трпеливи и да почекаме да заврши испитувањето на експертите.“

Претседателката на горниот Дом на рускиот парламент, Советот на Руската Федерација Валентина Матвиненко истакна дека безбедносните сили со учество и на руските експерти треба да направат се што е можно за да се пронајдат одговорните за нападот и подвлече дела тоа претставува прашање на чест.

Матвиненко на одржаната конференција за претставниците на печатот рече: „Убиството на Карлов претставува испланирана провокација против нормализирањето на руско-турските односи.“



Слични вести