Бројот на загинатите во нападот со камион кој влета во Божиќен пазар во Берлин се зголеми на 12 лица

Се изнесуваат сомневања дека камионот кој што влетал на пазарот можеби бил украден од едно градилиште во Полска и се вели дека лицето кое било пронајдено мртво внатре во камионот било полски државјанин

634039
Бројот на загинатите во нападот со камион кој влета во Божиќен пазар во Берлин се зголеми на 12 лица
berlin’de kamyon noel pazarına daldı.jpg

Бројот на загинатите во синоќешниот напад со камион кој што влета на еден Божиќен пазар во главниот град на Германија Берлин се зголеми на 12 лица, а 48 лица беа повредени од кои некои потешко.

Се изнесуваат сомневања дека камионот кој што влетал на пазарот можеби бил украден од градилиште во Полска. 

Додека продолжуваат истражувањата во врска со случајот се наведува дека лицето кое било пронајдено мртво внатре во камионот било полски државјанин.

Германската полиција најпрвин соопшти дека станува збор за терористички напад, но потоа за пронаоѓање на евентуалните докази за целта на нападот побара од граѓаните да ги достави снимените фотографии и снимки од местото на настанот.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер изјави за еден телевизиски канал дека засега не располагаат со точни информации во врска со позадината и развојот на случајот. 

Нагласувајќи дека значајни се зборовите кои што ќе бидат употребени во изјавите кои што се даваат од аспект на психолошкото влијание над луѓето, Мезиер напомена дека ќе можат да се дадат јасни изјави според резултатот од испитувањата.

Германскиот претседател Јоаким Гаук исто така во објавеното писмено соопштение истакна дека не се знае доволно во врска со случајот.

Инаку синоќа во 20:00 часот според локално време камион со полски регистарски таблички влета на еден Божиќен пазар на плоштадот Breitscheitplatz на улицата Kurfürstendamm, едно од познатите туристички места на германскиот главен град Берлин.

Потоа беше соопштено дека според првичните претоставки во случајот има загинати и повредени и дека полицијата привела едно лице за кое не се знаело точно дали било возач на камионот.

Потоа беше соопштено дека на местото на настанот било пронајдено едно мртво лице за кое се претпоставува дека за време на нападот било заедно со возачот на камионот.



Слични вести