Во вооружена престрелка во јорданскиот град Карак загинаа 10 лица

Група вооружени напаѓачи извршија напад врз патролни возила и полициската станица во градот Карак во јужниот дел на Јордан по што дојде до вооружена престрелка помеѓу безбедносните сили и вооружените напаѓачи во која загинаа 10 лица

633383
Во вооружена престрелка во јорданскиот град Карак загинаа 10 лица

Во вооружена престрелка до која што дојде по реализиран напад од страна на група вооружени сили врз безбедносните сили во градот Карак во Јордан загинаа 10 лица меѓу кои се наоѓаат и 5 мина припадници на јорданските безбедносни сили и еден турист Канаѓанец.

На патролно возило кое по добиени информации за појава на пожар од областа Ел Катрана во градот Карак на југот на Јордан пристигнало во областа беше реализиран вооружен напад

Напаѓачи чиј идентитет засега не е утврден отвориле оган на возилото при што раниле двајца припадници на безбедносните сили, а потоа избегале од местото на настанот. 

Истите напаѓачи отвориле оган и врз друго патролно возило, а потоа од историската тврдина Карак отвориле оган и на полициската станица во градот.

Јорданските безбедносни сили ги опколија напаѓачите и започнаа операција.

Се претпоставува дека станува збор за 5 или 6 мина напаѓачи.

Операцијата продолжува.



Слични вести