Советот за безбедност на ОН го одложи за еден ден гласањето за новата нацрт-резолуција за Алепо

Советот за безбедност на ОН го одложи за еден ден гласањето за новата нацрт-резолуција за Алепо подготвена од страна на Франција

633286
Советот за безбедност на ОН го одложи за еден ден гласањето за новата нацрт-резолуција за Алепо

Советот за безбедност на ОН одржа затворена седница на која беше разговарано за новата нацрт-резолуција за Алепо која што е подготвена од страна на Франција.

По приближно тричасовни разговори беше соопштено дека гласањето е одложено за еден ден.

Според добиени дипломатски извори на затворената седница Русија го доставила својот приговор на нацртот подготвен од страна на Франција и истакнала дека доколку се премине на гласање ќе го искористи своето право на вето и ќе ја достави на гласање нацрт-резолуцијата која што ја подготвила самата.

Потоа страните водеа долги преговори за соединување на двете нацрт-резолуции.

По средбата постојаниот претставник на Франција во ОН Франсоа Делатр изјави за новинарите дека на преговорите е постигната согласност на основа на нивната подговена нацрт-резолуција за која рече дека ќе биде поставена на гласање во 09:00 часот по локално време (17:00 часот според турско време).

Францускиот постојан претставник во ОН Франсоа Делатр истакна дека се надева оти нацрт-резолуцијата ќе биде усвоена и рее: „Нашиот нацрт има три главни теми: Безбедно евкуирање на цивилите, доставување хуманитарна помош на градот и заштита на здравствените установи. Доколку нашиот нацрт биде усвоен во Алепо ќе бидат распоредени меѓународни посматрачи и ќе се спречи овој град да стане нова Сребреница.“

Досега Русија стави вето во Советот за безбедност на ОН на 6 нацрт-резолуции за Сирија, а Кина на 5 нацрт-резолуции.

Русија и Кина како последно на 5 декември го искористија своето право на вето на нацрт-резолуцијата подготвена од страна на Шпанија, Египет и Нов Зеланд со која се бараше да се прогласи прекин на огнот во Алепо.



Слични вести