СБ на ОН едногласно ја усвои нацрт-резолуцијата за надгледување на евакуацијата од Алепо

Едногласно усвоената нацрт-резолуцијата предвидува во областа да бидат испратени повеќе од 100 посматрачи на ОН за надгледување на активностите за евакуација од Алепо

633677
СБ на ОН едногласно ја усвои нацрт-резолуцијата за надгледување на евакуацијата од Алепо

Советот за безбедност на ОН на својата денешна седница едногласно ја усвои нацрт-резолуцијата во врска со активностите за евакуација од Алепо.

Нацрт-резолуцијата предвидува во областа да бидат испратени повеќе од 100 посматрачи на ОН за надгледување на активностите за евакуација.

Францускиот постојан претставник во ОН Франсоа Делатр претходно истакна дека се надева оти нацрт-резолуцијата ќе биде усвоена и рече: „Нашиот нацрт има три главни теми: Безбедно евкуирање на цивилите, доставување хуманитарна помош на градот и заштита на здравствените установи. Доколку нашиот нацрт биде усвоен во Алепо ќе бидат распоредени меѓународни посматрачи и ќе се спречи овој град да стане нова Сребреница.“

Франција и Русија постигнаа договор во однос на нацрт-резолуцијата со која се предвидува за безбедна евакуација од Алепо во областа да бидат испратени меѓународни посматрачи.



Слични вести