Саад Харири нов премиер на Либан

Саад Харири е син на поранешниот либански премиер Рефик Харири, кој загина во атентат во 2005

633341
Саад Харири нов премиер на Либан

Нов премиер на Либан е лидерот на Прогресивното движење Саад Харири

Вчера заврши владината криза во Либан која започна во 2014 година.

Раздвиженоста во врска со формирањето на новата влада во Либан започна со непланираната посета на Саад Харири на претседателскиот дворец.

Нешто потоа во претседателскиот дворец замина и претседателот на Собранието Небих Бери.

По тројната средба, претседателот Мишел Аун изјави дека ја одобрил новата влада.

Според тоа, 46 годишниот Саад Харири, лидер на Прогресивното движење стана нов премиер на Либан.

Саад Харири е син на поранешниот либански премиер Рефик Харири, кој загина во атентат во 2005 година. Во периодот оф 2009 до 2011 година Саад Харири исто така беше премиер на Либан.

Министер за надворешни работи на новата влчада стана Гебран Басил, министер за внатрешни работи Нухад Машнук, министер за одбрана Јакуб Сарраф.

Се до постигнување на компромисот за формирање на новата влада во Либан во која земја од 2014 година наваму не може да се формира нова влада, некои групи како што се Хезболах се противеа на изборот на Саад Харири за премиер.



Слични вести