Повторно започна процесот на евакуација од источен Алепо

Сириската опсерваторија за човекови права најпрвин соопшти дека до издавање на второ соопштение е одложена евакуацијата од источен Алепо, но потоа по кусо време пристигна и соопштение дека повторно започна процесот на евакуација

632956
Повторно започна процесот на евакуација од источен Алепо

Повторно започна процесот на евакуација од источен Алепо кој се наоѓа под опсада на силите на режимот во Сирија.

Сириската опсерваторија за човекови права најпрвин соопшти дека до издавање на второ соопштение е одложена евакуацијата на опозиционерите и цивилите од источен Алепо.

Меѓутоа по кусо време пристигна информација дека опозиционерите и режимските сили под посредништво на Турција и Русија го ставиле во примена новиот постигнат договор.

Согласно овој договор од источен Алепо кој се наоѓа под опсада на режимските сили ќе бидат евкуирани сите лица, а од Мадаја и Зебадани ќе бидат евакуирани неколку илјада лица.

Освен тоа 4.000 лица од Фуа и Кефреја кои се наоѓаат под опсада на опозиционерите ќе бидат испратени во областите во рацете на режимот.

Во тие рамки согласно постигнатиот договор најпрвин 500 лица од источен Алепо беа однесени во руралните подрачја на западен Алепо под контрола на опозиционерите.

Во утринските часови започна операцијата за евакуација од селата Фуа и Кефреја каде што сили на режимот се наоѓаат под опсада на опозиционерите.

Припадниците на режимот меѓу кои се наоѓаа и ранети со помош на 10 автобуси ја напуштија областа под опсада на опозиционерите.

Одлуката за одложување на активностите за евакуација беше донесена откако беа запалени 6 автобуси кои беа испратени за евакуација од селата Фуа и Кефреја кои се наоѓаат под опсада на опозиционерите.

Во меѓувреме Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека од синоќа по полноќ досега со 65 автобуси се евакуирани приближно 3.500 лица.

Евакуираните од областа под опсада на режимот во Алепо пристигнаа во центарот за собирање кој се наоѓа во областа Рашидин под контрола на опозиционерите.

Од друга страна и сириската државна телевизија соопшти дека автобусите кои што ги превезуваат режимските сили од селата Фуа и Кеферја под опсада на опозиционерите пристигнале во областите во Алепо под контрола на режимот. 

Бројот на лицата кои од четвртокот минатата недела кога започнаа активностите за евакуација од Алепо досега пристигнаа во градот Идлиб од автобуси и со сопствени можности изнесува над 14 илјади лица.

 



Слични вести