Од почетокот на операцијата на Мосул досега градот го напуштија над 120 илјади лица

Портпаролот на ирачкото министерство за миграција и бегалци Сетар Невруз истакна дека бројот на лицата кои беа приморени да ги напуштат своите домови поради воените операции во Мосул изнесува над 120 илјади лица

633646
Од почетокот на операцијата на Мосул досега градот го напуштија над 120 илјади лица

Бројот на раселените лица кои беа приморени да ги напуштат своите домови поради операцијата за спасување на Мосул од рацете на терористичката организација ДАЕШ, изнесува над 120 илјади лица.

Портпаролот на ирачкото министерство за миграција и бегалци Сетар Невруз истакна дека бројот на лицата кои беа приморени да ги напуштат своите домови поради воените операции во Мосул изнесува над 120 илјади лица.

Невруз напомена дека министерството ги продолжува активностите по прашањето на доставување хуманитарна помош за бегалците и за формирање на нови градови од шатори за нивно сместување. 

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул-вториот по големина ирачки град, од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести