Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во градот Аден во Јемен се зголеми на 53 лица

Портпаролот на полицијата во Аден истакна дека бројот на загинатите во самоубиствениот напад чија цел беа војниците во областа Хур Мексер во близина на меѓународниот аеродром во Аден се зголеми на 53 војници, а 63 војници се ранети

633424
Бројот на загинатите во самоубиствениот напад во градот Аден во Јемен се зголеми на 53 лица

Бројот на загинатите во вчерашниот самоубиствен напад во градот Аден на југот на Јемен се зголеми на 53 лица.

Портпаролот на полициските сили во провинцијата Аден Абдурахман ен-Накиб во објавеното писмено соопштение истакна дека бројот на загинатите во самоубиствениот напад чија цел беа војниците во областа Хур Мексер во близина на меѓународниот аеродром во Аден кои отишле за да ги земат своите плати се зголеми на 53 војници, а 63 војници се ранети.

Од друга страна терористичката организација ДАЕШ објави соопштение преку социјалната мрежа Твитер во кое ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во Аден.

По нападот во првите информации кои што пристигнаа вчера од болнички извори беше истакнато дека животот го загубија 43 војници.

Очевидци истакнаа дека самоубиствениот напаѓач влегол меѓу војниците кои се собрале во областа во раните утрински часови за да ги земат своите задоцнети плати, го активирал експлозивот на себе и се разнел.

Во истата област беше реализиран самоубиствен напад со возило-бомба и  на 10 декември врз војниците на влезот на касарната на Специјалните сили при што и во овој самоубиствен напад животот го загубија 30 лица, а 40 лица беа ранети.



Слични вести