Кукавичкиот напад во Кајсери осуден и од страна на Европа и европските претставници

Советот на Европа во овие тешки времиња изразува поддршка на Турција и турскиот народ. Треба да прекинат терористичките напади.

632614
Кукавичкиот напад во Кајсери осуден и од страна на Европа и европските претставници

Советот на Европа и Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) го осудија терористичкиот напад во Кајсери.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд во писмената изјава го осуди терористичкиот напад во Кајсери.

Јагланд рече дека само една недела по терористичкиот напад во Истанбул, се случи уште еден терористиички напад во Кајсери во кој загинаа десетици а исто така сдесетици војници и лица беа повредени.

Советот на Европа во овие тешки времиња изразува поддршка на Турција и турскиот народ. Треба да прекинат терористичките напади. Нападот нема да биде во политичка корист и единствено предизвикува тага и жалост, рече Јагланд.

Претседателот на Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) Педро Аграмунт во изјавата преку социјалните медиуми остро го осуди трагичниот бомбашки напад во Кајсери и ја изрази поддршката на Турција, државното раководство, народот, настраданите о нападот и нивните семејства.

Порака со сочувство пристигна и од Азербејџан.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев во пораката со сочувство која беше упатена до претседателот Реџеп Тајип Ердоган изрази длабоко сочувство за турските војници кои загинаа во терористичкиот напад. Смртта на турските војници во кукакивчкиот напад предзвика длабока жалост во Азербејџан, рече претсдеателот Алијев.

Азербејџан секога ќе биде на страната на братска Турција и турскиот народ, рече претседтаелот Алијев и го проколна терористичкиот напад.

Изразувам длабоко сочувство во свое лично име и во името на целиот азербејџански народ до турскиот народ и на семејствата на загинатите во терористичкиот напад.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на телефонскиот разговор со турскиот колега Мевљит Чавушоглу му изрази сочувство за загинатите во терористичкиот напад.

Во соопштението Амбасадата на САД во Анкара беше осуден кукавичкиот терористички напад во Кајсери.



Слични вести