Високиот комесаријат на ОН за бегалци: Од Мосул се раселени приближно 100 илјади цивили

Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) Адриан Едрвардс истакна дека 57 илјади од вкупно 96.864 цивили кои беа приморени да ги напуштат своите домови во Мосул се сместени во кампови на УНХЦР

632128
Високиот комесаријат на ОН за бегалци: Од Мосул се раселени приближно 100 илјади цивили

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) соопшти дека во текот на операцијата за исчистување на градот Мосул во Ирак од терористичката организација ДАЕШ која што започна на 17 октомври досега се принудени на раселување од своите домови 96.864 цивили.

Портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) Адриан Едвардс истакна дека 57 илјади од цивилите кои беа приморени да ги напиуштат своите домови во Мосул се сместени во кампови на УНХЦР.

Велејќи дека Високиот комесаријат ги смести цивилите во 6 кампови чија изградба е завршена и дека исто така продолжуваат да се градат уште 2 нови кампа, Едвардс напомена дека на тој начин во вкупно 9 кампови ќе можат да бидат сместени 102 илјади лица.

Адриан Едвардс истакна дека од итниот хуманитарен фонд пак од 196,2 милиони долари кој што е определен за Мосул се обезбедени само 57-насто.

Едвардс упати повик за помош до донаторските земји за обезбедување на итните потреби на раселените цивили од Мосул и подвлече дека Високиот комесаријат продолжува да им раздава ќебиња и јоргани на лицата кои се сместени во кампови каде што се доживуваат зимски услови.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул-вториот по големина ирачки град, од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести