На 19 декември понеделник ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Русија

Кога е висока напнатоста многу е значајно да се биде во директен дијалог со Русија

631571
На 19 декември понеделник ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека на 19 декември понеделник ќе се одржи состанок на Советот НАТО-Русија на кој ќе разменат мислења во врска со состојбата во Украина.

Столтенберг во интервјуто за новинарите во Брисел каде што ќе учествува на Самитот на лидерите на ЕУ рече:

НАТО преку Советот НАТО-Русија кој претставува главен канал за дијалог повика на состанок. На состанокот што ќе се одржи на ниво на амбасадори ќе се разгледа состојбата во Украина.

Како денес така и во периоди кога е висока напнатоста многу е значајно да се биде во директен дијалог со Русија.

Односите меѓу НАТО и Русија се влошија по руската анексија на Крим во 2014 година.

Годинава повторно започнаа Состаноците на Советот НАТО-Русија но и покрај првите два состаноци кои се одржаа, не ебеше постигната никаков напредок.



Слични вести