Кери: Алепо да не стане нова Сребреница

Американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека најпоследно што се посакува во градот Алепо во Сирија е областа да не се претвори во една нова Сребреница

631849
Кери: Алепо да не стане нова Сребреница

Американскиот државен секретар Џон Кери на брифингот за печатот на кој што учествуваше во Стејт департментот направи проценка на последните случувања во Алепо и постигнатиот договор за прекин на огнот.

Кери нагласи дека најпоследно што се посакува во градот Алепо во Сирија е областа да не се претвори во една нова Сребреница и рече: „Турција презеде низа мерки и е предводник во евакуирањето на колку што е можно поголем број циливи од градот.

Велејќи „Никако не е можно да се легитимизираат ѕверските напади на Асадовиот режим и неговите сојузници Русија и Иран кои што ги реализираат  врз цивилите беа притоа да се прави никаква разлика меѓу нив“, Џон Кери напомена дека цивилите во Алепо се цел на намерни напади особено од страна на Асадовиот режим кои не прават никаква разлика меѓу цивилното население.

Кери истакна дека во областа се заглавени илјадници луѓе  и рече: „Последното кое што би посакале да го видиме во Алепо е областа да се претвори во една нова Сребреница.“

Американскиот државен секретар Џон Кери напомена дека силите на Асадовиот режим ги напаѓаат цивилите без да прават било каква разлика меѓу нив и ја изнесе следната проценка: „Тоа не претставува воена несреќа и непосакувана штета, туку е тероризирање на цивилите со непријателство.“

Кери појасни дека американската управа долго време како води обиди за постигнување „дипломатско решение“ во Русија и земјите од регионот, меѓутоа додаде дека тоа не беше можно да се оствари поради тоа што режимот на Асад не ги ги прекинува нападите.

Во однос на постигнатиот прекин на огнот пак Џон Кери подвлече дека Турција презеде голем број мерки и нагласи дека властите во Анкара воедно се предводници и во извлекување на колку што е можно поголем број цивили од областа.



Слични вести