Путин престојува во официјална посета на Јапонија

Лидерите ќе разменат мислења во врска со спорот околу Курилските острови кој 70 години не може да се реши

Путин престојува во официјална посета на Јапонија

Рускиот претседател Владимир Путин престојува во официјална посета на Јапонија

Путин во градот Нагато кој е познат со бањите се состана со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

По руската окупација на Крим во 2014 година, Путин првпат престојува во псоета на една земја членка на Г‘ и во рамките на дводневната посета, лидерите ќе разменат мислења во врска со спорот околу Курилските острови кој 70 години не може да се реши.

Како последица на спорот околу островите, Русија и Јапонија сеуште не го потпишаа договорот за примирје со кој се окончува Втората светска војна.

Една друга значајна точка на дневниот ред на средбите се билатералните економски односи.

Јапонија се наоѓа на списокот на земјите членки на Г7 кои спроведуваат економски санкции врз Русија.



Слични вести