Пакистан тестираше водена балистичка ракета со среден дострел

Во објавеното соопштение од прес-канцеларијата на армијата на Пакистан се истакнува дека била успешно истрелана водената балистичка ракета наречена „Бабур“ која располага со капацитет да погоди цели на оддалеченост од 700 километри

631107
Пакистан тестираше водена балистичка ракета со среден дострел

Пакистан реализира тестирање на водена балистичка ракета со среден дострел со која што можат да се погодат цели на земја и во морето.

Во објавеното соопштение од прес-канцеларијата на армијата на Пакистан се истакнува дека од место чија точна локација не е дадена била успешно истрелана водената ракета наречена „Бабур“ која располага со капацитет да погоди цели на оддалеченост од 700 километри. 

Во соопштението се вели дека водената балистичка ракета „Бабур“ која што лета на ниска надморска височина може да носи различни боеви глави.

Во соопштението им се одделува место на изјавите на началникот на Генералштабот на Пакистан генерал Зубаир Хајат кој им честита на пакистанските инженери и научници и истакна дека е постигната една друга цел од крајно големо значење.



Слични вести