Вонредната состојба во Франција продолжена по петти пат

Француското Национално Собрание го усвои нацрт-законот со кој што се предвидува вонредната состојба во земјата да биде продолжена до 15 јули 2017 година со тоа што ќе бидат опфатени и претседателските и општите избори кои што ќе се одржат идната година

630467
Вонредната состојба во Франција продолжена по петти пат

Вонредната состојба во Франција е продолжена по петти пат.

Француското Национално Собрание го усвои нацрт-законот со кој што се предвидува вонредната состојба во земјата која што продолжува уште од 13 ноември 2015 година да биде продолжена до 15 јули 2017 година со тоа што ќе бидат опфатени и претседателските и општите избори кои што ќе се одржат идната година.

Одлуката за продолжување на вонредната состојба беше усвоена со 288 гласа „за“ наспроти 32 гласа „против“, додека 5 пратеници беа воздржани.

По дискусиите во француското национално Собрание кои што започнаа синоќа и траеја до доцните часови се премина на гласање со што беше усвоен владиниот нацрт-закон за продолжување на вонредната состојба во земјата.

За да стапи во сила на законот треба да биде одобрен и од Сенатот.

На тој начин по петти пет беше продолжена вонредната состојба која што беше прогласена по терористичките напади во францускиот главн град Париз на 13 ноември 2015 година кои беа реализирани од страна на терористичката организација ДАЕШ и во кои животот го загубија 13- лица.



Слични вести