Советот за безбедност на ОН одржа итен состанок посветен на Алепо

По состанокот постојаниот претставник на Русија во ОН Витали Чуркин изјави за новинарите дека заврши војната во источниот дел на Алепо и дека режимот повторно ја воспостави контролата во градот

630042
Советот за безбедност на ОН одржа итен состанок посветен на Алепо

Советот за безбедност на ОН одржа итен состанок поради нападите против цивилите во градот Алепо во Сирија.  

По состанокот постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин изјави за новинарите дека заврши војната во источниот дел на Алепо и дека режимот повторно ја воспостави контролата во градот.

Чуркин рече: „Опозиционерите почнаа да го напуштаат градот. Прекинати се воените операции и војната во источниот дел на Алепо заврши. Сириската влада повторно ја воспостави контролата во источен Алепо.“

На прашањето на еден новинар „Рековте дека цивилите можат да се вратат во своите домови во Алепо, меѓутоа зарем не ги видовте видео-снимките? Нема домови во кои би се вратиле“, Чуркин одговори: „Видов, тоа претставува ужасна состојба.“

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура пак истакна дека во источниот дел на Алепо се наоѓаат 50 илјади цивли и приближно 1.500 борци опозиционери за кои се претпоставува дека 30-насто се борци на Ел Нусра.

Мистура рече: „Засега не е јасно дали ќе им се дозволи на опозиционерите да го понесат со себе лесното оружје, тоа беше едно од прашањата за кои што се дискутираше. Опозиционерите ќе заминат за Идлиб. Инсистираме по прашањето да им се дозволи да излезат од градот и на цивилите кои ќе сакаат да заминат заедно со опозициионерите.“

Специјалниот претставник Мистура воедно упати повик до режимските сили и Русија да го дозволат пристапот на ОН во Алепо. 

Постојаниот претставник на Велика Британија во ОН Метју Рајкрофт исто така во дадената изјава во Советот за безбедност на ОН истакна дека денеска, односно вчера беше најмрачниот ден за  градот Алепо во последните 5 години. 

Рајкрофт појасни дека Алепо веќе ќе се споменува по смртта и рече: „Во наредните денови ќе бидат убиени стотици или илјадници лица или ќе исчезнат на неизвесен начин без да се знае нешто во врска со нивната судбина.“

Велејќи дека пристигнуваат информации околу тоа дека жените во Алепо вршат самоубиство за да не бидат подложени на силувања и дека луѓето се палат живи, Мајкл Рајкрофт го додаде и тоа дека тогаш кога претходно беа доживеани слични масакри рековме дека никогаш нема да се случат уште еднаш, меѓутоа денеска повторно се доживува истото.

Велејќи дека падот на Алепо нема да претставува победа за Асад, британскиот постојан претставник во ОН Мајкл Рајкрофт подвлече дека Асад не ќе може да управува со земја која што сериозно ја разруши и подели.

Постојаниот претставник на САД во ОН Саманта Пауер пак зборовуваше за масакрите кои што се доживуваат во Алепо во врска со што ги осуди Руѕсија и Иран кои ги поддржуваат овие злосторства.

Пауер рече: „И да поминат децении Алепо ќе остане како црна дамка во нашата историска совет исто како и Руанда, Сребреница и Алепче.“



Слични вести