Режимските сили и шиитската милиција продолжуваат со прекршување на прекинот на огнот во Алепо

Асадовиот режим и шиитските милициски сили поддржани од Иран ја бомбардираат од воздух и копно областа под контрола на опозиционерите

630666
Режимските сили и шиитската милиција продолжуваат со прекршување на прекинот на огнот во Алепо

Местото на постигнатиот прекин на огнот во Алепо повторно го зазедоа судири.

Додека страните се обвинуваат меѓусебно во врска со прекршувањето на прекинот на огнот меѓународната заедница не може да стори нешто повеќе освен да ги повторува повиците за спасување на цивилите и повредените кои се наоѓаат во областа под опсада.

Без да поминат ниту 24 часа во Алепо повторно започнаа судирите.

Асадовиот режим и шиитските милициски сили поддржани од Иран ја бомбардираат од воздух и копно областа под контрола на опозиционерите.

Според опозициони извори шиитските милициски сили поддржани од Иран изнесуваат нови услови.

На нивно чело се изнесува  едновременото евакуирање на шиитите во селата Фуа и Кифраје кои се наоѓаат под опсада на опозиционерите.

Како причина за прекршување на прекинот на огнот се изнесува и тоа што сирискиот режим приговорил на бројот на лицата кои ќе бидат евакуирани и ги побарал имињата на овие лица.

Прекршувањето на прекинот на огнот во Алепо беше причина да стапи во акција и меѓународната заедница.

Германија за рушењето во источен Алепо делумно ја обвини Русија.

Франција упати повик лицата под опсада да бидат извадени од областа под надзор на меѓународни посматрачи.

Воедно и Комисијата на ОН за истражување на човековите права побара да се отвори безбедносен коридор за цивилите.



Слични вести