Паоло Џентилони списокот на новата влада му го достави на претседателот Серџио Матарели

По објавувањето на списокот на министрите, премиерот Џентилони рече дека ќе продолжат со реформите кои ги започна владата на Ренци

629532
Паоло Џентилони списокот на новата влада му го достави на претседателот Серџио Матарели

По оставката на италијанскиот премиер Матео Ренци, поранешниот министер за надворешни работи Паоло Џентилони кој беше нзначаен за мандатор, списокот на новата влада му го достави на претседателот Серџио Матарели.

На списокот од 20 министри на Џентилони,  се наоѓаат и низа министри од поранешниот состав на владата на Ренци.

Министер за надворешни работи е Анџелино Алфано, а министер за економија Пјер Карло Падоан.

По објавувањето на списокот на министрите на новата влада, премиерот Џентилони рече дека ќе продолжат со реформите кои ги започна владата на Ренци.

Поранешниот премиер Матео Ренци и посака успех на новата и на тој начин ја изрази својата поддршка.

По положувањето заклетва, во парламентот ќе се гласа доверба на новата влада.

Џентилони е познат по тоа што додека беше министер за надворешни работи беше еден од првите министри на Запад кој изрази поддршка на пристапувањето на Турција во ЕУ и веднаш по неуспешниот обид на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули, по телефон го побара министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

По поразот на референдумот за уставни промени на 4 декември, премиерот Матео Ренци поднесе оставка.



Слични вести