Градот Алепо во Сирија целосно премина под контрола на силите на Асад

Пристигнуваат вести дека режимските сили на Бешар Асад и шиитските милициски сили поддржани од Иран во квартовите во Алепо кои што ги зазедоа почнаа да вршат масакри врз цивилите

629417
Градот Алепо во Сирија целосно премина под контрола на силите на Асад

Градот Алепо во Сирија целосно премина под контрола на Асадовите сили.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека опозиционерите се повлекле и од 6-те квартови под контрола на опозиционерите.

По овие случувања пристигна соопштение од ОН.

Јан Егеланд, специјалниот советник на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура истакна дека одговорни за сите злосторства кои што ги вршат милициските сили кои победија во Алепо се сирискиот режим и Русија.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон исто така соопшти дека во нападите кои што се реализиран во последниот еден месец врз областите под контрола на опозиционерите во Алепо загинаа повеќе од 415 цивили од кои 47 деца, а исто така привлече внимание дека стотици лица беа повредени во воздушните напади на Русија и режимот.

Режимските сили на Бешар Асад и шиитските милициски сили поддржани од Иран во квартовите кои што ги зазедоа почнаа да вршат масакри врз цивилите.

Според добиени информации од извори од областа каде што се вршат масакри шиитските милициски сили имија голем број цивили во квартовите Фирдевс и Келесе во источниот дел на Алепо каде што ја воспоставија контролата.

Еден очевидец истакна дека шиитските милициски сили запалиле живи 4 жени и 9 деца, а застрелале 67 мажи.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН Стефан Дујарич објави писмено соопштение во кое истакна дека генералниот секретар Бан Ки-мун премина во аларм поради вестите за голем број измасакрирани цивили во Алепо меѓу кои има и жени и деца.

Дујарич во своето соопштение вели дека Бан ја доставил до страните својата сериозна загриженост за цивилите во Алепо и му издал директива на својот специјален претставник за Сирија да го следи прашањето кај инволвираните страни.

Дујарич рече: „ОН ги потсетува сите страни на теренот за нивната обврска за заштита на цивилите и за придржување кон меѓународното хуманитарно право. Тоа претставува одговорност особено на сириската влада и нејзините сојузници.“

Од друга страна и портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби истакна дека се состанале американски и руски функционери и разговарале за прекинот на огнот во Алепо.

Велејќи дека на средбата не можело да се постигне соодветен договор, Кирби рече: „Се наоѓаме во длабока разочараност, меѓутоа не бевме зачудени поради тоа што Русија не беше желна за прекин на огнот во Алепо.

Кирби привлече внимание дека цивилите и понатаму стануваат цел на нападите во Алепо, дека оваа состојба е неприфатлива и дека за да би можеле луѓето да излезат од областа треба да престанат бомбардирањата.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на одржаната редовна дневна конференција за претставниците на печатот исто така потсети дека преговорите кои што се водат долго време за стопирање на насилството се отфрлуваат од страна на сирискиот режим кој е поддржуван од страна на Русија и Иран.

Ернест рече: „Ние сме отворени кон напорите за изнаоѓање дипломатско решение за цела Сирија, а не само во Алепо, меѓутоа и не сме премногу оптмисти.“

Велејќи дека кај американската управа продолжува да владее „длабока загриженост“ во врска со случувањата во Алепо, портпаролот на Белата куќа Џош Џош Ернест рече: „Недолжните цивили веќе извесно време се соочуваат со сериозни ризици. Состсојбата се влошува уште повеќе. И покрај нашите напори за намалување на насилсвото и зголемување на протекот на хуманитарната помош режимските сили поддржани од Русите ги продолжуваат бомбардирањата за  застрашување на невините луѓе. Ова е страотна состојба и не личи дека ќе се подобри.“

Алепо кој е втор по големина град на Сирија по главниот ргад Дамаск од 2012 година досега беше поделен помеѓу режимските сили и опозиционерите.



Слични вести