Рјабков: Русија и САД не можеа да постигнат соодветен договор за опозиционерите во Алепо

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков истакна дека поради тоа што Вашингтон инсистира на неприфатливи услови засега не можеше да се постигне соодветен договор по прашањето на излегување на опозиционерите од градот Алепо

628729
Рјабков: Русија и САД не можеа да постигнат соодветен договор за опозиционерите во Алепо

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков соопшти дека не можеле да постигнат соодветен договор со Вашингтонската управа по прашањето на опозиционерите и рече: „Поради тоа што Вашингтон инсистира на неприфатливи услови засега не можеше да се постигне договор. Она што го известуваат западните агенции не се усогласува со вистината.“ 

Сергеј Рјабков застана во одбрана на тоа дека неговата земја се обидува да ги обезбеди неопходните услови за безбедно изнесување на цивилите од Алепо.

Во меѓувреме сириските опозиционери истакнаа дека им бил доставен предлог од страна на Русија и САД и дека според тоа на вооружените опозиционери, нивните семејства и на останатите цивили ќе им се обезбеди безбедно да го напуштат Алепо.

Доколку опозиционерите одговорат позитивно на предлогот истиот ќе биде ставен во примена во рок од 48 часа.

Од друга страна режимските сили и руските воени авиони продолжуваат со бомбардирање на областите во Алепо под контрола на опозиционерите.

Асадовите сили пак кои напредуваат во Алепо повторно го изгубија од свои раце античкиот град Палмира на југот кој повторно премина во рацете на терористичката организација ПКК.

За време на сиве овие случувања Фондот на ОН за помош на децата УНИЦЕФ привлече внимание дека сите деца во градот Алепо се подложени на најлошите насилства во земјата и дека доживуваат голема траума.

Функционери на УНИЦЕФ велат дека децата на 5-6 годишна возраст во Алепо знаат само едно, а тоа се војната и бомбите и дека за помош на над половина милион деца во Алепо постои потреба од над 100 илјади експерти.



Слични вести