Спортската јавност во жалост по повод терористичкиот напад во Бешикташ

УЕФА и спортската јавност во Турција изразија сочувство по повод терористичкиот напад во Бешикташ

628159
Спортската јавност во жалост по повод терористичкиот напад во Бешикташ

По повод терористичкиот напад извршен во близината на фудбалскиот стадион Водафон Арена во Истанбул се огласи УЕФА со соопштение со кое најжестоко го осуди нападот.

Соопштение по повод нападот објави и Фудбалската Федерација на Турција преку кое го осуди нападот.Федерацијата воедно извести дека во знак на сочувство со загинатите во нападот, пред почетокот на сите професионални и аматерски фудбалски натпревари што ќе се одржат денеска и утре ќе им биде оддадено едноминутно молчење на загинатите.

Соопштение по повод нападот пристигна и од Кошаркарската Федерација на Турција.Во соопштението се истакнува следното:Пред сите натпревари што ќе се одржат денес и утре  ќе им биде оддадено едноминутно молчење на загинатите во нападот во близината на фудбалскиот стадион Водафон Арена во Истанбул.Исто така знамињата во спортските сали ќе бидат спуштени на половина копје, а натпреварите ќе се играат без музика.

Сочувство по повод кукавичкиот терористички напад на фудбалскиот стадион Водафон Арена во Истанбул објавија и спортските клубови Бешикташ, Фенербахче, Галатасарај и Бурсаспор жестоко осудувајќи го нападот.



Слични вести