Повик од ОН за итна пауза во судирите во Алепо

ОН упатија повик за итна пауза во судирите кои што продолжуваат во градот Алепо во Сирија

627626
Повик од ОН за итна пауза во судирите во Алепо

Заменик генералниот секретар на ОН одговорен за хуманитарни прашања и координатор за итни состојби Стивен О’Брајан истакна дека крајно загрижува хуманитарната трагедија која што се доживува во Алепо пред очите на светот.

Појаснувајќи дека во воздушните напади и уличните судири во последните 72 часа особено во источните делови на Алепо животот го загубија голем број цивили и почнувајќи од вчера илјадници цивили го напуштија источниот дел на Алепо, О’Брајан рече дека илјадници цивили кои не можат да излезат од градот се заглавени помеѓу два огна.

О’Брајан укажа на тоа дека крајно се загрижувачки и тврдењата дека се приведуваат оние кои бегаат во областите на Алепо под контрола на режимот, а воедно го повтори повикот за итна пауза во судирите кои што продолжуваат во градот.

О’Брајан додаде дека треба да им се дозволи на цивилите да излезат од Алепо без страв и без да бидат загрижени дека ќе им се наштети.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери истакна дека денеска во Женева ќе се состанат руски и американски експерти кои ќе разговараат за стопирање на масакрите и воспоставување прекин на огнот во Алепо.

Кери рече дека експертите на двете земји ќе разговараат по прашањето на евакуирањето на цивилите и доставувањето на хуманитарна помош во Алепо.

Од друга страна денеска во францускот главен град Париз ќе се одржи состанок посветен на Сирија.

На состанокот освен домаќинот Франција учествуваат САД, Турција, Германија, Италија, Велика Британија, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.



Слични вести