Земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди Соломоновите острови

Веднаш по земјотресот беше објавено предупредување од евентуално цунами

627010
Земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди Соломоновите острови

Земјотрес со јачина од 7,7 степени ги погоди Соломоновите острови во Тихиот Океан.

Според соопштението објавено од страна на американскиот Центар за геолошки истражувања, епицентарот на земјотресот се наоѓаше во гратчето Киракира 68 км југозападно од Соломовите острови. Земјотресот се случи на длабочина од 48 км.

Веднаш по земјотресот беше објавено предупредување од евентуално цунами за жителите на Соломоновите острови, Вануату, Папуа Нова Гвинеја, Науру, Нова Каледонија, Тувалу и Косрае.



Слични вести