Умре 95 годишниот американски астронаут Џон Глен

Астронаутот Глен со капсулата „Friendship 7“ на НАСА во 1962 година три пати ја обиколи орбитата на планетава

627290
Умре 95 годишниот американски астронаут Џон Глен

Умре 95 годишниот американски астронаут Џон Глен кој беше првиот астронаут кој имаше можност да ја обиколи орбитата на светот.

Астронаутот Глен кој со капсулата „Friendship 7“ на НАСА на 20 февруари 1962 година три пати ја обиколи орбитата на планетава и на тој начин влезе во вселенската историја, умре во градот Колумбус на американската држава Охајо.

Гувернерот на Охајо во пораката по повод смртта на Глен истакна:

„Иако се искачи на врвот на вселената и зградата на Конгресот, срцето и душата никогаш не му се одвоија од корените“.

Откако се пензионира од НАСА, Глен во 1974 година во Конгресот влезе како сенатор на Охајо од редовите на Демократската партија. Во 1984 година се кандидираше за претседател на партијата, но не му се исполни оваа желба.

Во 2011 година Конгресот на Џон Глен му ја врачи наградата Највисок медал за честа која се доделува на цивилите.



Слични вести