Продолжуваат жестоките напади врз Алепо: Загинаа уште 46 цивили, а 230 се ранети

Директорот за цивилна одбрана во Алепо Неџип Енсари истакна дека режимските сили и нивните поддржувачи ги бомбардираат жестоко од копно и од воздух квартовите во источните делови на Алепо каде што загинаа уште 46 цивили, а 230 лица се повредени

626676
Продолжуваат жестоките напади врз Алепо: Загинаа уште 46 цивили, а 230 се ранети

Во последните реализирани напади на областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо во Сирија животот го загубија уште 46 цивили, а 230 беа повредени.

Бројот на загинатите цивили во градот од 15 ноември кога започнаа жестоките напади досега се зголеми на 935 лица.

Директорот за цивилна одбрана во Алепо Неџип Енсари изјави за новинската агенција Анадолија дека режимските сили и нивните поддржувачи ги бомбардираат жестоко од копно и од воздух квартовите во источните делови на Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите.

Велејќи дека поради силното бомбардирање не може да се достигне до некои области и подвлече дека хуманитарната состојба во градот со секој поминат ден оди кон полошо.

Градот Алепо во северниот дел на Сирија во близина на границата со Турција е втор по големина град на земјата, по главниот град Дамаск. Од центарот на градот Алепо до границата со Турција има само 40 километри.

Во источните делови на Алепо се наоѓаат под опсада на сирискиот режим стотици илјади цивили кои повеќе од 3 месеци како не можат да ги обезбедуваат своите најосновни потреби за живот.

Поради нападите на режимот во последните 3 недели престанаа да работат сите болници, здравствени центри, фурни и училишта во источните делови на градот.

Поради тоа што се срушени и поголемиот дел од базните станици и се прекинати телефонските линии комуникацијата со овие делови на градот е прекината и може да се воспоставува ограничена комуникација само преку интернет.



Слични вести