Продолжува процесот на формирање на новата влада во Италија

Меѓу сценаријата за именување мандатор за формирање нова влада се наоѓа и можноста за повторно именување на премиерот Ренци

626944
Продолжува процесот на формирање на новата влада во Италија

По тешкиот пораз на референдумот на 4 декември недела во Италија, продолжуваат активностите за формирање нова коалициона влада под лидерство на партијата чиј лидер беше премиерот Матео Ренци кој поднесе оставка.

Во тие рамки претседателот Серџио Матарела започна со политички консултации.

Претседателот Матарела одржа посебни средби со претседателот на Републичкиот сенат, претседателот на Претставничкиот дом и поранешниот претседател Наполитано.

Претседателот Матарела со соговорниците разменува мислења во врска со во врска со аритметиката на политичката претставеност на партиите во собранието како и можностите за формирање нова влада.

Според соопштението кое беше објавено од кабинетот на претседателот, консултациите ќе продолжат денес и утре.

Според написите кои беа објавени во италијанскиот печат и медиумите, во недела или најдоцна понеделник ќе се именува мандаторот за формирање на новата влада.

Во меѓувреме, меѓу сценаријата за именување мандатор за формирање нова влада се наоѓа и можноста за повторно именување на премиерот Ренци кој по оставката се врати во родниот крај Фиренца.

Согласно политичките традиции во Италија, во случај да се оформи потребното мнозинство за формирање влада, претседателите наместо распуштање на парламентот, се насочуваат кон именување мандатор за формирање нова влада.



Слични вести