Бомбардирањата во источниот дел на Алепо продолжуваат, нема евакуирање на цивилите

И покрај изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од синоќа досега од источниот дел на Алепо не е реализирана било каква операција за евакирање на цивилите и бомбардирањата од копно и воздух продолжуваат

627338
Бомбардирањата во источниот дел на Алепо продолжуваат, нема евакуирање на цивилите

И покрај тоа што Русија соопшти дека Асадовиот режим и неговите поддржувачи ги сопреле нападите во источните делови на градот Алепо и биле евакуирани илјадници цивили, бомбардирањата на сирискиот режим во областите под контрола на опозиционерите продолжуваат.

Од синоќа досега во подрачјето не е реализирана било каква операција за евакирање.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по остварената средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Хамбург каде што отпатува за 23-от состанок на министерскиот совет на Организацијата за европска и соработка (ОБСЕ) изјави дека сирискиот режим ги прекина воените операции во Алепо за евакуирање на цивилите.

Веднаш потоа пристигна ново соопштение и од руското министерство за одбрана во кое беше наведено дека биле евакуирани 8.500 цивили од кои 2.900 деца, дека значачителен број милициски сили го положиле оружјето и се предале и дека биле помилувани од страна на Асад.

Меѓутоа според информациите добиени од дописникот на новинската агенција Анадолија во Алепо топовските истрели кои што по изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за кусо време беа прекинати синоќа околу 23:00 часот повторно започна.

На маалата Фирдевс и Шејх Саид во источниот дел на Алепо беа фрлени поморски мини.

Бомбардирањата на силите на режимот траеја до наутро, потоа за неколку часа беа прекинати, а потоа повторно продолжија.

Силите лојални на Асад и шиитските милициски сили ги бомбардираат од копно и воздух маалата Зибдије, Шејх Саид, Јусуф, Сејф ел-Девле, Џуб Шелеби, Фирдевс, Бустан ел Каср, Сукери и Маади во источните делови на Алепо.

Од друга страна пристигнуваат и вести околу тоа дека голем број цивили кои се наоѓале во маалата заземени од страна на режимските сили или кои овде останале заглавени почнале да се евакуираат во различни области.

Медиумите лојални на Асад почнаа состојбата на цивилите кои насилно се вадат од нивните домови во областите под контрола на режимот да ја прикажуваат како „евакуирање на цивилите“.

На простор од околу 15 квадратни километри во истичниот дел на Алепо под контрола на опозиционерите се наоѓаат повеќе од 200 илјади цивили.



Слични вести