Стравотен масакр во Ирак

Во воздушниот напад на ирачките борбени авиони на месноста Ал-Каим загинаа над 100 цивили

626201
Стравотен масакр во Ирак

Во воздушниот напад на ирачките борбени авиони на месноста Ал-Каим која се наоѓа под контрола на ДЕАШ загинаа над 100 цивили.

Во врска со нападот чија цел беше еден пазар во месноста Ал-Каим во провинцијата Анбар беше објавено соопштение од страна на Градското собрание.

Во соопштението беше истакнато дека во воздушниот напад на ирачките борбени авиони загинаа над 100 цивили, стотици лица беа повредени.

Портпаролот на градското собрание Ијд Кербули нападот го оцени за голем масакр и упати повик за итно започнување истрага на највисоко ниво.

Месноста Ал-Каим во околината на Анбар на западната страна на Ирак од јуни 2014 година наваму се наоѓа под контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Продолжуваат судирите во некои подрачја на градот во рамките на операцијата за спасување на Мосул која започна на 17 октомври.

Операцијата се поддржува од воздух од страна на меѓународната коалиција предводена од САД.

Коалиционите сили од август 2014 година наваму реализира воздушни операции против терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести